Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на компанијата „Костел” во Охрид, вицепремиерот рече дека не очекува значително големи ценовни шокови во однос на цената на маслото за јадење, но оти се можни мали нијанси.
„Моите очекувања се дека не би требало да претрпат значително големи шокови. Мали нијанси на зголемување може да се очекуваат затоа што сепак тоа се производи кои не се произведуваат кај нас и доаѓаат со одредена цена однадвор. Таму малку можеме да придонесеме како Влада, рече Битиќи.






