При контролата санкционирани се 118 возачи кои не пропуштиле пешак, од кои 40 на територија на СВР Скопје, 18 на територија на СВР Тетово, како и во повеќе други грдови, велат од МВР и информираат дека воедно се изречени уште 184 други видови на сообраќајни прекршоци.
„Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, порачува МВР.
Во соопштението МВР информира дека за брзо возење се казнети 231 возач.
„Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 143 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место“, велат од МВР.






