четврток, 11 декември 2025

Катар: Ние не можеме сами да го замениме рускиот гас во Европа

Објавено на

часот

Сподели

„Никој не може сам да ги замени количествата гас потребни на Европската Унија, не нарушувајќи ги истовремено испораките во други делови од светот“, истакна Ал Кааби во соопштение објавено по состанокот со комесарката на ЕУ за енергетика Кадри Симсон.

„Сигурното снабдување на Европа бара здружени напори на многу актери“, додаде тој. Изрази надеж дека тензиите во Европа можат да се решат по дипломатски пат, за сите набавувачи да можат да соработуваат во гарантирањето на европската безбедност на подолг и пократок рок.

Катар е клучниот американски сојузник на Блискиот Исток и водечкиот трговски и политички партнер на ЕУ, истакнува Ројтерс. САД тврда дека Русија подготвува инвазија на Украина и во минатите недели се обидуваат да ги протнат Катар и други големи произведувачи, вклучувајќи и американски, дали можат во случај на прекин во снабдувањето од Русија да ги зголемат испораките на гас во ЕУ.

„На нас во Катар договорните обврски ни се свети“, истакна катарскиот министер, порачувајќи имплицитно дека нема да можат да пренасочат во Европа дел од испораките кои треба да ги испорача во други земји ако не добие нивна согласност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ