вторник, 31 март 2026

Каспаров: Путин ќе употреби нуклеарно оружје само во еден случај

Објавено на

часот

Сподели

Вчера портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, не сакаше да ја исклучи можноста од руска употреба на нуклеарно оружје, но рече дека Русија ќе се одлучи за таков потег само доколку е „егзистенцијално загрозена“.

Каспаров утрово на Твитер ја коментираше идејата за руска употреба на нуклеарно оружје.

„Единствениот ризик од употребата на нуклеарно оружје од страна на Путин во Украина е ако тој и неговите поданици се сигурни дека нема да има одговор. Секој командант на руска подморница треба да знае дека веднаш ќе биде елиминиран доколку испука такво оружје“, напиша Каспаров.

„Или можеби тоа би било преголема ’ескалација’, уништување на подморницата што ќе испука нуклеарна ракета кон Украина?“, иронично праша Каспаров, кој од почетокот на војната во Украина го критикува Западот поради неволноста поактивно да се вклучи во борбата против Путиновите напади во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ