четврток, 5 февруари 2026

Капитенката на македонската репрезентација објави спортска пензија

Капитенката на македонската кошаркарска репрезентација Анџелика Митрашиновиќ заминува во спортска пензија.

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

На 32-годишна возраст Митрашиновиќ реши дека е време да се повлече. Нејзин последен клуб беше Фрибург од Швајцарија, а таа преку социјалните мрежи објави порака за повлекувањето.

По толку години во кошарката, дојде време да се збогувам од професионалното играње. Од дете кое сонуваше, стигнав да го живеам тоа како професионалец. Оваа игра ми го смени животот на начини кои не можам ниту да ги опишам. Ми даваше лекции, незаборавни моменти и второ семејство. Низ жртвувањето, напорната работа, повредите, победите и поразите. Секој чекор ме обликуваше во ова што сум денес. Заминувам со полно срце и бескрајна благодарност. Можеби го соблекувам дресот, ама љубовта кон играта останува. Ова не е крај, туку почеток на ново поглавје“, напиша капитенката.

Во својата кариера Митрашиновиќ играше за ЖКК Младинец, Бадел 1862 и Баскет Кам во Македонија, како и босански Челик, црногорски Будуќност, француски Тарб, бугарска Монтана, словачки Пјештанске Чајки и швајцарски Фрибург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ