На интернет страницата на Кинотеката може да се најде ПДФ форматот на ова капитално дело од историјата на светската кинематографија.
„Историја на филмот, книга II“ ја обработува појавата на звучниот филм и го анализира периодот во светската кинематографија од 1927 до 1945 година. Втората книга од четиритомната „Историја на филмот“ хронолошки го опишува откритието на звукот во филмот, големата епоха на францускиот филм, германскиот филм и нацизмот, полетот на британскиот филм, успесите на советскиот филм, светската кинематографија за време на Втората светска војна, стариот и новиот Холивуд…






