вторник, 23 декември 2025

Канатларовски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Србија и Фарски Острови

Објавено на

часот

Сподели

Македонија У21 на 24. март ќе игра против Србија во Белград со почеток од 17 часот, а на 29. март на стадионот „Тодор Проески“ од 18 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарските Острови.
 
„Не очекуваат два натпревари кои се од исклучителна важност за нашата репрезентација. Радува фактот што сите фудбалери се здрави и подготвени за настап. Се надевам дека така ќе остане и по одигрувањето на кругот клупски натпревари пред почетокот на репрезентативните обврски“, вели Канатларовски.
 
Првиот меч го играме против Србија во Белград, сакаме да се надигруваме против силни репрезентаци како нашиот северен сосед и се надевам на позитивен резултат. Србија е одличена репрезентација, имаат нов селектор и сигурно дека имаат голема желба победа, меѓутоа ние имаме свои цели за натпреварот и се разбира дека се стремиме да победиме“.
 
„Против Фарски Острови нѐ очекува уште еден тежок натпревар, Противникот е незгоден, иако сме фаворити на хартија. Не смееме да ги потцениме бидејќи докажаа во овие квалификации дека можат да се надигруваат со фаворитите во групата. Одиграа нерешено против моќната селекција на Франција и против Србија“. 
 
„На списокот беа повикани и фудбалерите Дашмир Елези од Шкендија и Стефан Тасев од Македонија Ѓ.П., но по консултации со селекторот Неџат Шабани, решивме дека во овој период двајцата может да дадат многу поголем придонес во националниот тим до 19 години на силниот турнир што ги очекува во Португалија”. 
 
Списокот на фудбалери:
 
ГОЛМАНИ: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Борец 1919), Дамјан Серафимов (Охрид Лихнидос);
 
ОДБРАНА: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи 1927), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);
 
СРЕДЕН РЕД: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Висла Краков, Полска), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Томче Гроздановски (Дугопоље, Словенија), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Бојан Димовски (Академија Пандев), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп, Турција);
 
НАПАД: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември), Методи Максимов (Работнички);
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ