сабота, 31 јануари 2026

Канада од Украина ги повлекува семејствата на дипломатите

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот Стејт департмент во неделата објави дека на членовите на дипломатските семејства им наложил да ја напуштат Украина, кажувајќи дека воена акција на Русија може да се случи во кој било момент.

„Поради руското трупање војска и дестабилизирачките активности во Украина и околу неа, решивме привремено да ги повлечеме децата на персоналот на канадската амбасада на возраст под 18 години и членовите на семејствата во нивна придружба“, изјави канадското министерство за надворешни работи.

Во соопштението нема други детали. Канада, која е во лоши односи со Москва од анексијата на Крим во 2014 година, минатата недела објави дека на Украина ќе ѝ понуди заем од 120 милиони канадски долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ