Фудбалерките од Каменица доминираа на теренот и заслужено го кренаа престижниот трофеј.
Мечот се играше во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, а Каменица Саса победи со убедливи 4-0.
Резултатот беше отворен уште во седмата минута со гол на Антонина Шопоска. На 2-0 зголеми Ленче Андреевска во 23. минута. Со тој резултат се замина на одморот.
Во второто полувреме беа постигнати уште два гола. На почетокот Андреевска даде уште еден гол за 3-0, а конечните 4-0 беа дело на Чик Пејтон Тејлор во 71. минута.
Каменица Саса: Јелена Гвоздерац, Ана Димитровска, Драгана Костова, Тејлор Пејтон Чик, Павлинка Николовска, Икеда Ангелика Кеона, Елена Панеска, Мила Талевска, Христина Јошевска, Ленче Андреевска, Антонина Шопска;
АС Јунајтед: Суарта Речи, Александра Поповска, Улза Максути, Ера Стеблева, Веса Села, Арлинда Адили, Оливера Цоклеска, Кристина Мојсоска, Александра Симоноска, Едина Сулејмани, Еда Далипи;






