среда, 10 декември 2025

Какво знаење имаат средношколците ќе се дознае со меѓународно тестирање ПИСА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е едно од најпознатите и најкредибилни меѓународни тестирања кое го спроведува ОЕЦД и со него се мери писменоста, односно применливото знаење што му е потребно на ученикот за да го продолжи своето образование и да успее во личниот и професионалниот живот. Сите задачи кои се во тестовите се поврзани со реални ситуации во кои може да се најдат учениците. Преку одговорите не се мери репродуктивното, туку функционалното знаење, кое е важно за поврзување, разбирање и решавање на проблеми”, изјави Шаќири за време на посетата на средното училиште „Владо Тасевски“.

Тој информира дека ПИСА тестирањето за прв пат кај нас се реализира електронски. Минатата година Министерството за образование и наука заедно со Државниот испитен центар спроведоа бројни подготвителни активности и пробно тестирање.

 Шаќири рече дека учениците се подготвени и не стравуваат дека резултатите ќе влијаат на нивните крајни оценки, а најважно е што значително е подигната свеста дека со учеството секој поединец дава придонес кон унапредување на политиките за развој на националниот образовен систем.

„Резултатите од ПИСА ни се од голема важност, посебно во овој период во кој ги спроведуваме најкрупните образовни реформи досега во нашата земја. Тие ќе ни помогнат во носењето стратешки одлуки и ќе ни овозможат реално планирање на мерки за подобрување на квалитетот на образованието, кое кај младите ќе развива компетенции со кои ќе бидат конкурентни на пазарот на труд, за кој сè помалку важат локални правила. Затоа и споредбите со резултатите што ги постигнале други земји се прават за најсоодветно да ги искористиме нивните искуства за планирање на активности кои ќе ги подобрат резултатите кај нашите ученици”, нагласи Шаќири.

Реализатор на студијата е Државниот испитен центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ