петок, 26 декември 2025

Јувентус тргна по Влаховиќ во последните денови од преодниот рок

Објавено на

часот

Сподели

Според италијанските медиуми, Јувентус на Фиорентина и нуди околу 60 милиони евра плус бонуси за да го добие Душан Влаховиќ.
 
Раководството на Фиорентина е подготвено да го продаде Влаховиќ, од таму рекоа дека пристигнале важни понуди за нив, но фудбалерот и неговите агенти не комуницираат со клубот за да дојде до трансфер.
 
Сепак, гласините велеа дека желба на Влаховиќ е трансфер во Јувентус, а сега токму тие тропаат на вратата на Фиорентина, па се очекува да падне договор.
 
Фиорентина сака да го продаде Влаховиќ, Јувентус сака да го купи, а тој сака да се пресели во гигантот од Торино. Останува уште да се договорат деталите и трансферот во наредните денови да биде комплетиран.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ