По многу шпекулации, Јувентус вчера стави крај на дилемите и соопшти дека нема да биде обновен договорот на Пауло Дибала, напаѓачот ќе замине по крајот на сезоната.
Медиумите од Италија веднаш почнаа да шпекулираат кој ќе го наследи Аргентинецот и како прв избор се посочи Николо Заниоло од Рома.
Но според пишувањата на Кориере дела Сера, главна цел ќе биде Мохамед Салах иако воопшто нема да биде лесно да се убеди Ливерпул да го продаде Египјанецот.
Исто така, платата на напаѓачот ќе биде проблем, тој ќе бара повисоки примања од сегашните (околу 12 милиони евра). Јувентус ќе заштеди на бруто платата благодарејќи на законите и помалата даночна стапка, но и со овој „попуст“ бројките се прилично високи.
Јувентус размислува и за неколку други сценарија и не се исклучува можноста и за звучно засилување во средниот ред со име како Пол Погба, Сергеј Милинковиќ Савиќ или Жоржињо.






