среда, 24 декември 2025

Јаремчук го прослави голот против Ајакс со патриотска маица и поддршка за Украина (ФОТО и ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бенфика и Ајакс синоќа одиграа возбудлив натпревар со четири погодоци, последниот беше дело на Роман Јаремчук. Напаѓачот на домаќините најдобро се снајде во 72. минута, прв стигна до една одбиена топка и со глава ја затресе мрежата на гостите.

Тој го искористи овој момент за да изрази поддршка за Украина, и при прославата го соблече дресот за да покаже маичка со „тризабец“ и да го бакне симболот кој е главен елемент на државниот грб на Украина.

УЕФА не толерира политички пораки на своите натпревари, па се очекува европската куќа на фудбалот да го казни Роман Јаремчук.

По крајот на натпреварот, напаѓачот се огласи на социјалните мрежи и порача: „Јас сум Украинец и горд сум на тоа. Бидејќи сум илјадници километри далеку од мојата родна земја, сакам да им дадам поддршка на сите оние кои што сега живеат во тензии, сега е време да се обединиме. Ова е нашата земја, нашата историја, нашата култура, нашите луѓе и нашите браќа. Сакам да им се заблагодарам на оние кои не бранат за нивната храброст. Слава на Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ