понеделник, 22 декември 2025

Јануарското засилување на Јуве за животот како ѕидар: Работев од 7 до 19, се пресоблекував и право на тренинг

Објавено на

часот

Сподели

23 годишниот Федерико Гати во јануари потпиша за Јувентус, „старата дама“ реши да инвестира 10 милиони евра во дефанзивецот кој никогаш нема играно во најсилното првенство на Италија.

Неговата животна приказна е прилично интересна, тој ги има поминато сите ниски лиги (од шеста, преку пета, четврта, трета, минатото лето стигна во Серија Б), а едно време работел и како ѕидар и во фабрка за производство на прозори за да помогне семејството да преживее откако неговиот татко останал без работа.

Во разговор со Скај Спорт Италија, тој проговори за тој дел од животот и како ја комбинирал работата со фудбалот.

„Тоа е еден од пресвртните моменти во мојата кариера, тогаш подобро разбрав за вредностите на одредени работи. Преку ноќ моето семејство се најде во проблеми откако татко ми остана без работа, па морав да најдам работа и тоа го промени мојот живот“ – вели Гати.

„Кога бев ѕидар или работник во фабрика за производство на прозори, работев од 7 сабајле до 7 навечер, се пресоблекував и право на тренинг од 19:45 до 21:30 часот, си доаѓав дома околу 22:30 часот. Беше многу тешко, но ми се допаѓаше трудот што го вложував“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ