вторник, 23 декември 2025

Јаховиќ отпадна поради повреда, Даци е повикан на негово место

Објавено на

часот

Сподели

Промена во македонската селекција пред престојните натпревари, Адис Јаховиќ поради повреда нема да може да му се стави на располагање на селекторот.
 
Напаѓачот на Гезтепе почувствувал болка во тетивата на денешниот првенствен натпревар и по лекарските прегледи било утврдено дека треба да паузира.
 
Селекторот Милевски на негово место го повика Ердон Даци. За поранешниот младински репрезентативец ова ќе биде прв настап во сениорската селекција на Македонија.
 
Даци е прв стрелец во Вестерло, екипа која е на првото место во втората лига во Белгија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ