понеделник, 7 април 2025

„Изреченото нѐ прогонува“, избор поезија на Маџиров на италијански и на македонски јазик

Италијанската издавачка куќа „Крочети Едиторе“ ја објави поетската книга „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров на италијански јазик. Книгата содржи избор од неговото поетско творештво и објавена е во рамки на поетската едиција на италијанскиот издавач со седиште во Милано, заедно со поезијата на Волт Витман.

Објавено на

часот

Сподели

Во истата едиција се објавени и книгите на венцоносците од Струшките вечери на поезијата Јехуда Амихај, Јанис Рицос, Керол Ен Дафи, Махмуд Дарвиш и добитниците на Нобеловата награда – Томас Транстромер, Јон Фосе, Одисеас Елитис, Сен-Џон Перс, како и избори од поезијата на Рилке, Бодлер, Кавафис, Томас Бернхард, Ен Карсон, Дилан Томас, Сеферис, Емили Дикинсон, Борис Пастернак и др. Италијанските списанија за култура и литература „Ил Манифесто“ и „Пангеа“ објавија интервјуа со Никола Маџиров, а првата промоција на книгата „Изреченото нѐ прогонува“ и поетското читање ќе се случи на 4 април во рамки на меѓународниот фестивал за литература „Inroci di Civilta“ во Венеција каде почесен гостин е Ханиф Курејши.

Книгата ќе биде претставена и на неколку други фестивали и универзитети во Италија и во Швајцарија во текот на оваа година.

Никола Маџиров е најмладиот современ странски автор објавен во поетската едиција на „Крочети Едиторе“, а книгата „Изреченото нѐ прогонува“ е двојазично издание и содржи песни на италијански и македонски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ