сабота, 10 јануари 2026

Израелската војска нападна цели во Газа како одговор на ракета испукана од палестинската територија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е првата ракета испукана по речиси четири месеци затишје, едно од најдолгите на границата на Газа, јавуваат израелските медиуми.

Како што е наведено во военото соопштение нападните се повеќе цели во појасот Газа, вклучувајќи место каде Хамас произведува оружје.

Медиуми поврзани со Хамас јавија дека се гаѓани цели западно од Кан Јунис на југот на појасот Газа.

Очевидци и безбедносните сили во Газа кажале дека немало повредени во воздушните напади.

Израелската војска соопшти дека го смета Хамас за одговорен за она што се случува во појасот Газа.

Портпаролот на Хамас Хазем Касам оцени дека „ционистичкото бомбардирање на некои празни места“ е обид да се спречи одбраната на Ерусалим, и дека противвоздушната одбрана им се спротивставила на израелските борбени авиони и дека за првпат биле користени ракети земја-воздух.

[video:https://youtu.be/p7nCj5V_FeY autoplay:0]

Ракетата испукана на Израел во понеделникот ја пресретнал одбранбениот систем Железна купола, а нема извештаи за повредени.

Премиерот на Израел Нафтали Бенет се сретна со министерот за одбрана Бени Ганц и началникот на генералштабот Авив Кохави за да разгледаат можен одговор.

Нападот се случи во време на ескалација на тензиите меѓу двата народи по насилствата од страна на израелските безбедносни сили во Стариот град Ерусалим и низата смртоносни терористички напади на Палестинците во Израел, во кои загинаа 14 луѓе и потерата на израелската војска по соучесниците на напаѓачите.

Одговорноста за ракетирањето не ја презема веднаш ниедна организација, а израелскиот јавен сервис Кан, повикувајќи се на палестински извори, јави дека зад нападот стои групата Исламски џихад.

Хамас по ракетирањето преку египетски посредници им порача на израелските власти дека не е заинтересиран за понатамошна ескалација, ниту е одговорен за нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ