вторник, 31 март 2026

Италија планира да ги смести украинските бегалци во запленети мафијашки имоти

Објавено на

часот

Сподели

Поради големиот број украински бегалци, Италија најде начин да искористи дел од тој запленет имот, пишуваат италијанските медиуми.

Според нив, во Италија досега стигнале над 17.000 Украинци од почетокот на конфликтот и се очекува дека ќе пристигнат уште.

„Ова е само почетокот. Доаѓаат стотици илјади бегалци“, кажа италијанскиот политичар и поранешен премиер Енрико Лета. Министерството за внатрешни работи кажа дека процесот на пренаменување на поранешните мафијашки куќи веќе забрзано се спроведува.

Италија не е единствената земја која смислува како ќе ги смести украинските бегалци. Британија најави дека размислува за користење на запленетите имоти на руските олигарси за сместување на Украинците, додека Полска кажа дека ќе ги користи запленетите имоти на руските дипломати за да им помогне на бегалците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ