понеделник, 22 декември 2025

Италија остана без претставник и во Лига Европа, Лајпциг ја елиминираше Аталанта (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Очајна европска сезона за италијанските екипи, веќе немаат претставник ниту во Лига Европа откако Аталанта доживеа елиминација на свој терен.
 
Им остана само уште Рома која вечерва мечот со Бодо/Глимт во Конференциската лига ќе го почне со негатива од 2-1.
 
На мечот во Бергамо, Нкунку донесе водство за Лајпциг во 18. минута од натпреварот.
 
Аталанта се обидуваше да израмни, но нападите им беа јалови, без конкретни шанси за гол.
 
При еден против напад на гостите, голманот Мусо направи пенал во 87. минута, а Нкуку ја реализираше најстрогата казна за конечни 0-2.
 
Лајпциг во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Брага и Ренџерс, Португалците водат со 1-0 по првиот натпревар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ