среда, 1 април 2026

Иран му се закани на Израел: Ако направите и најмал потег против нас, ќе целиме кон срцето

Објавено на

часот

Сподели

„Ако направите и најмал потег против нашата земја… целта на нашите вооружени сили ќе биде срцето на ционистичкиот режим“, рече Раиси во својот говор пренесуван на телевизија.

Израел, кој Исламската Република одбива да го признае, вели дека нема да го прифати нуклеарен Иран, додека Техеран и светските сили се обидуваат да го оживеат нуклеарниот договор од 2015 година.

По речиси година дена индиректните разговори меѓу Техеран и Вашингтон беа прекинати минатиот месец. Израел вели дека нема да биде обврзан со никаков договор и на крајот би можел да преземе еднострана акција против иранските нуклеарни локации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ