понеделник, 22 декември 2025

Инфантино: Ми се плаче за Италија, но Македонија покажа зошто е убав фудбалот

Објавено на

часот

Сподели

Инфантино е Швајцарец со италијанско потекло, па не му е сеедно што Италија нема да игра на Светско првенство, и тоа вторпат по ред.
 
„Искрено, како фудбалски фан ми се плаче што Италија нема да игра на Светското првенство. За сите Италијанци тоа е многу тажно, ова е втор Мундијал по ред како нема да играат. Дури и да се пласираат на Светското првенство, тоа ќе значи дека дури по 12 години ќе играат на Мундијал, а тоа е многу за една таква велесила“, вели Инфантино.
 
„Но таков е фудбалот. Македонија покажа зошто е убав фудбалот. На Светското првенство играат 32 репрезентации, на секои четири години, така е засега, а така ќе биде и понатаму“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ