Квинси Промес е обвинет за обид за обиство и му се заканува затворска казна од три години, фудбалерот на Спартак Москва со нож прободе свој братучед на една прослава.
Неговите адвокати велеа дека Квинси Промес ќе биде ослободен од обвинувањата, но медиумите од Холандија сега објавија детали од прислушувани разговори кои можат да го стават фудбалерот зад решетки.
Во телефонски разговор со својот татко, Промес вели: „Зошто скокна пред него? Му го спаси животот, ќе го убиев, го разбираш ова, така?“.
Десет минути подоцна, Промес разговарал со неговата мајка и тетка, и кога му било кажано дека неговиот братучед е прободен во нога, тој одговара: „Има среќа“.
Во истиот разговор тој вели: „Никој нема да краде од нас. Не можев да се воздржам. Тето, извини, те молам прости ми“.
Неколку часа подоцна, Промес одново му се јавува на својот татко и вели: „Мојата лојаност е кон тетка ми, секој што ќе краде од нас, јас ќе го убијам. Ќе го убијам тој што ќе краде од тебе, тој што краде од мајка ми. За одредени членови од семејството, подготвен сум да убијам“.
„Има среќа што повеќе не носам пиштол, ќе поминеше полошо“.






