„Со ова го предизвикувам Владимир Путин на борба еден-на-еден“, напиша тој на Твитер, користејќи ја руската азбука за да го напише името на Путин.
I hereby challenge
Владимир Путин
to single combatStakes are Україна
— Elon Musk (@elonmusk) March 14, 2022
„Влогот е Украина“, продолжи тој, пишувајќи го името на земјата на украински јазик.
Во следниот твит, Маск потоа објави цела порака на руски. „Дали се согласувате со оваа борба?“, напиша тој, тагнувајќи го официјалниот твитер-профил на Кремљ на англиски јазик.
Маск активно твитува за тековната војна меѓу Украина и Русија, а презеде акција и преку своите компании. Тој им се потсмеваше на руските функционери на социјалните мрежи и ѝ обезбеди вселенска интернет-опрема на Старлинк на Украина.






