понеделник, 6 април 2026

И судиите најавуваат предупредувачи протест на 28 април, бараат зголемување на платите

Објавено на

часот

Сподели

Ова било заклучено на последната седница на ЗСРСМ одржана на 7 април, кога меѓу другото е донесен и заклучок договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите на судиите од најмалку 15 отсто да се усвојат од страна на Владата во најкраток можен рок, но не подоцна од две недели, како и Собранието да ги донесе измените на Законот за платите на судиите во најкраток можен рок, но не подоцна од 30 јуни 2022 година.

„Доколку не биде утврден текстот на предлог измените од страна на Владата во наведениот период, согласно консултациите со судиите, Управниот одбор донесе одлука за одржување на предупредувачки протест на ден 28.04.2002 година од 11:00 до 11:30 часот“, велат од ЗСРСМ.

Од таму појаснуваат дека во насока на целосно остварување на истакнатите барања, Управниот одбор на ЗСРСМ, истовремено ќе ги активира сите расположливи правни механизми пред надлежните домашни и меѓународни институции. Овие заклучоците, како што најавуваат, ќе бидат доставени до Министерството за правда,  претседателите на судовите и подружниците на Здружение на судиите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ