Денеска официјално простување од репрезентацијата имаше Филип Миркуловски, но по мечот изненадувачки тоа го направи и Стојанче Стоилов.
„Најавувам крај на репрезентативната кариера. Едноставно моето тело не е здраво. Веќе не издржува. Постојано да сте под таков напор и да немате одмор, не е лесно. Ѝ благодарам на македонската јавност за поддршката. Има многу имиња на кои треба да им заблагодарам. Пред се на Кире Лазаров, фала ти за се. Благодарност и до Миркуловски кој го даде здравјето играјќи за Македонија“, вели Стоилов.
„Имам верба во овие деца. Знам дека можат и без мене. Пешевски и Марковски напредуваат и заслужуваат уште поголема минутажа. Не сакам да им ги земам минутите. Мислам дека е време да се повлечам и конечно да дојде таа смена на генерации“.
„Имам уште една година од договорот со Вардар, ќе видам како ќе биде ситуацијата таму, како ќе бидам со здравјето. Од 2008 година сум немал одмор ни лето, ни зима, само со по 20 дена пауза сум“.






