Колона од возила која се формира од над каменоломите во правец кон Гостивар се движи полека и според проценките на возачите до патарините им се потребни и по еден час. А евен час веќе патуваат од Стража до мавровската крстосница.
Од СВР Тетово информираат дека зголемениот број на возила што се јавува особено по завршувањето на викендот придонесува за повремени застои и движење во отежнати услови. За да се воведе подобар проток кај „Здуњската раскрсница“ се исклучени семафорите и сообраќајни полицајци пропуштаат возила со приоритет во одредени интервали.






