Хајнекен соопшти дека ќе престане да продава и да произведува пиво во Русија.
Втората по големина светска компанија за пиво минатата недела веќе ги суспендираше новите инвестиции и извозот во Русија.
Старбакс, Пепси, Ролекс, Нетфликс, Ферари им се придружија на Кока-кола и Мекдоналдс во суспендирањето на бизнисот во Русија поради нејзината инвазија на Украина.
„Конде Наст“, кој издава списанија како „Вог“, „Гламур“ и „Венити фер“, соопшти дека ја прекинува издавачката работа во Русија, како причина наведувајќи го конфликтот во Украина и безбедноста на неговата редакција.
Во изјавата објавена на веб-страницата на Конде Наст во вторникот, главниот извршен директор Роџер Линч рече дека компанијата е „шокирана и ужасната од бесмисленото насилство и трагичната хуманитарна криза во Украина“.
Тој рече дека новата легислатива во Русија, според која поединци би можеле да добијат затвор до 15 години за објавување „лажни вести“ за војската, значи дека издавачот не може да ја гарантира безбедноста на своите новинари и уредници.
Факултетот за менаџмент на Јејл соопшти дека околу 290 компании со значително присуство во Русија се повлекле од земјата од 24 февруари.






