Според него, кога веќе централната власт и националното законодавство, дозволиле во Општина Битола, да се регистрира и функционира ваков културен клуб, тогаш време е нашите источни соседи да овозможат вистински реципроцитет и да покажат почитување на правата на Македонците во Бугарија, можности за нивно културно изразување и негување на македонската култура и историја.
„Тогаш, кога ќе добиеме покана за присуство на отворање на македонски културен клуб во Бугарија, дури тогаш ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат кој значи взаемно почитување и искрено пријателство.
После посетата на денешниот настан во Битола, очекувам, премиерот Кирил Петков, да биде првиот иницијатор кој во Бугарија ќе го покрене прашањето за промоција на македонската култура, еднаквост и поголеми права на Македонците кои живеат таму“, додава битолскиот градоначалник.
Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потретседателката Илијана Јотова и шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска денеска во Битола присуствуваа на отворањето на клубот на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“.






