вторник, 31 март 2026

И Австрија е против ембарго на руската нафта: „Тоа не е реално“

Објавено на

часот

Сподели

Нехамер, пред самитот на Европската Унија на кој се разговараше за петтиот пакет санкции против Русија, кој можеше да содржи и ембарго на енергенсите, истакна дека санкции на руските гас и нафта се нереални.

„Тоа не може, бидејќи е погрешно и не е во согласност со реалноста. Австрија 80 отсто од својот гас добива од Русија. Самата дискусија на таа тема штети, бидејќи поттикнува раст на цените“, кажа тој за Клајне цајтунг.

Според официјалните податоци пополнетоста на складиштата за гас во Австрија во моментов е на само 12,5 отсто.

И австриското Здружение на индустријалци предупреди дека краткорочно нема алтернатива за рускиот гас.

„Австрија не смее да го доведе во прашање сопственото снабдување со енергенси“, порача шефот на тоа здружение Георг Книл.

Тој истакна дека оние кои се залагаат за нагло и непланирано укинување на испораките на гас од Русија мора претходно да објаснат од каде земјите како Австрија краткорочно ќе ги добиваат потребните енергенси.

„Завртувањето на славините за гас од еден на друг ден би имало катастрофални последици по секојдневното наше снабдување со енергија и нашата економија. Со тоа ја уништуваме нашата индустрија и работните места“, предупреди Книл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ