Министерството потврди дека руските војници го прекинале огнот и отвориле хуманитарни коридори во близина на градовите Волноваха и големите јужни пристаништа на Мариупол на Азовското Море, кои се опколени.
Русија и Украина на преговорите во четвртокот се согласија да воспостават хуманитарни коридори и за привремен прекин на огнот за време на евакуацијата. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак изјави дека околу 20.000 цивили сакаат да ја напуштат Волноваха, а 200.000 сакаат да го напуштат Мариупол.
Градоначалникот на Мариупол, стратешко пристаниште во источна Украина, упати драматичен апел да му се помогне на градот кој е под опсада, под блокада и трпи немилосрдни напади од руските сили. Руската и украинската страна треба да одржат трета рунда преговори во текот на викендот.
„Веќе пет дена нашиот град, нашите семејства и половина милион жители трпат немилосрдни напади“, напиша градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко во Телеграм, повикувајќи на континуиран отпор.
Во градот нема струја и вода, а властите велат дека не можат да ги евакуираат ранетите. Ситуацијата се споредува со опсадата на Ленинград во Втората светска војна. Волноваха се наоѓа на околу шеесет километри северно од Мариупол.






