четврток, 25 декември 2025

Хокеарките на Канада го освоија олимпиското злато, ги победија Американките во големото финале

Објавено на

часот

Сподели

Женската хокеарска селекција на Канада доминира на Зимските олимписки игри, за нив ова беше петти златен медал во седмиот настап, имаат и два сребрени. Тоа значи дека секогаш стигнуваат до финалето.
 
Канаѓанките одлично го отворија мечот со голови на Сара Нурс и Мари Флип Пулан поведоа со 2-0 во првата третина. Во вториот период Пулан постигна уште еден гол за убедлива предност од 3-0, а пред крајот на тој дел Хилари Најт намали на 3-1.
 
Во последниот период хокеарките на САД успеаа да дадат само еден гол преку Аманда Кесел за конечни 3-2.
 
Бронзениот медал го освои селекцијата на Финска која ја победи Швајцарија со 4-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ