среда, 24 декември 2025

Хас го раскина договорот со рускиот возач Мазепин

Објавено на

часот

Сподели

Руските спортисти трпат поради нападот на нивната земја врз Украина, последен кој го почувствува тоа е Формула 1 возачот, Никита Мазепин.
 
Тимот Хас одлучи да му го раскине договорот на Мазепин, а се откажаа и од рускиот спонзор Уралкали.
 
„Формула 1 тимот Хас одлучи да го раскине договорот со Уралкали и возачот Никита Мазепин. Како и остатокот од Формула 1 заедницата, и нашиот тим е разочаран и шокиран од инвазијата над Украина и се надева на брзо и мирно решение на конфликтот“, стои во соопштението на Хас.
 
Претходно Формула 1 реши да ја повлече трката за Големата награда на Русија која сега е избришната од календарот за новата сезона.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ