„Секоја членка на Обединетите нации, а особено постојаните членки на Советот на безбедност, имаат одговорност да ги почитуваат одлуките на главните органи на светската организација“, напиша Ѓукановиќ на својот профил на Твитер.
Меѓународниот суд на правдата во Хаг вчера пресуди во корист на Украина и ѝ наложи на Русија итно да ја прекине инвазијата на таа земја.
Руските власти сè уште не огласија по тоа прашање, а американскиот претседател Џо Бајден вчера го нарече рускиот колега Владимир Путин воен злосторник.
Кремљ ја осуди неговата изјава, кажувајќи дека станува збор за „недопустлива и непростлива“ навреда.






