недела, 21 декември 2025

Груевски за одлуката на Стејт департментот: Неправда, работев чесно и ги штитев националните интереси на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Еве ја реакцијата на Груевски:

„Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на балканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос кој вложи многу напори и финансии за соборување на владата која ја предводев.

Жалам за одлуката на Стејт департментот која ја објавија денес, а меѓу другите се однесува на мене. Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на листата се неточни информации на кои се подлегнало и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија. Од тој аспект, иако немам никаков имот во САД, чувствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а притоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финансиски или материјален интерес.

Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината.

Ќе продолжам да се борам за Македонија.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ