Руските сили се пробија во северниот дел на регионот Киев, соопштија украинските граничари, изведувајќи напад со проектили „Град“ врз владините позиции.
Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат како руски хеликоптери Ми-8 и Ка-52 го напаѓаат меѓународниот аеродром Антонов во киевското предградие Гостомел, објави Москва тајмс.
Confirmed by Ukrainian authorities. A large air assault operation with Mi-8 helicopters on Antonov International Airport in Hostomel. Interior Ministry says Russia has seized control. Very dangerous; it’s just 15 minutes west of the capital ring road. pic.twitter.com/JhlyVktVRC
— Christopher Miller (@ChristopherJM) February 24, 2022
Осумнаесет лица загинаа во воздушен напад врз воена база во близина на украинскиот пристаништен град Одеса на Црно Море, соопшти локалната администрација.
„Осумнаесет загинаа – осум мажи и 10 жени. Во моментов сè уште копаме низ урнатините“, се вели во соопштението на регионалната администрација на Одеса.
Истекување на амонијак во хемиска фабрика во источниот украински град Суми контаминираше област во радиус од повеќе од два и пол километри.
Регионалниот гувернер на Суми, Дмитрo Живицкиј, не кажа што го предизвикало истекувањето на амонијак, што се претпоставува дека се случило утринава околу четири часот и 30 минути по локално време, пишува Радио Слободна Европа.
На луѓето им било кажано да дишат низ слоеви од газа натопена со лимонска киселина.
Фабриката Сумикимпром се наоѓа во предградие на Суми, кој има околу 263.000 жители. Руските трупи редовно го гранатираат во последните недели.
Руското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека „националистите минирале“ инсталации за складирање амонијак и хлор во фабриката „Сумикимпром“ „со цел масовно труење на жителите на регионот Суми во случај руските вооружени сили да влезат во градот“, пренесе агенцијата Франс прес.
Министерството соопшти дека Русија не планира и дека не погодила ниту еден објект на хемиската индустрија во Украина, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на агенцијата Интерфакс.






