Минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува „нова фаза на терор“ што може да вклучи употреба на хемиско оружје во Украина.
Извештаите почнаа да кружат на социјалните мрежи дека била употребена „токсична супстанца“ врз жителите на Мариупол, што предизвикува респираторни проблеми, но тие не може да се потврдени, а експертите изразија скептицизам за тврдењата дека е употребено хемиско оружје.
Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, рече дека Обединетото Кралство итно ги истражува наводите за хемиско оружје, додека портпаролот на Пентагон рече дека извештаите се „длабоко загрижувачки, ако се вистинити“.






