Судот денес донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го зборувавме цела година во врска со водата за пиење во Струмица… И како што кажав, ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да остават цел град без вода само за да предизвикаат криза која потоа ќе ја користат за сопствени политички потреби. За рејтинг се спремни да ги лажат луѓето дека не треба да пијат вода. Срам, мизерија и ниски страсти. Водата е чиста, питка и биохемиски исправна. За ваквите лаги на АХВ Општина Струмица и јас ќе поднесеме и кривична пријава до директорот на АХВ поради предизвикување на страв и паника кај населението кое иако имаше питка вода за пиење, му беше забранувано и беше плашено да не ја пие.
Блиску е октомври, а народ гледа“, стои во објавата на Костадинов.






