понеделник, 8 декември 2025

Градоначалничката Арсовска за пожарот во Треска: Има индиции дека е подметнат

Објавено на

часот

Сподели

„Големиот пожар во кругот на поранешната фабрика Треска е локализиран. Целата противпожарна бригада, 55 пожарникари работеа посветено цели два часа да го локализираат, да го изгаснат овој пожар. Во текот на изминатите два часа сме тука и од индициите што ги имаме се работи за пожар што е отпочнат овде, со сомневања дека е подметнат.


Информацијата што ја добивме од околните жители е дека виделе лица непосредно пред пожарот и дека во повеќе наврати се случуваат пожари на овој потег. Станува збор за објект, кој е дел од постапка на стечај, има стечаен управител и веруваме дека во најкраток можен рок треба надлежните институции да преземат мерки, да разговараат и да се превенира ова што се случува на оваа локација. Важно е да се заштитат граѓаните, особено имајќи предвид дека се работи за исклучително голем број околни станбени куќи и деловни објекти кои денеска беа загрозени со овој пожар“, изјави Арсовска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ