недела, 21 декември 2025

Господски потег на Клоп: Побарал повеќе пари од Ливерпул но за неговите помошници

Објавено на

часот

Сподели

Јирген Клоп реши да ја продолжи соработката со Ливерпул до 2026 година и покрај тоа што често имаше гласини дека претходниот договор до 2024 ќе му биде последен на Енфилд.

Како што пренесува Атлетик, Јирген Клоп нема да заработува повеќе, платата ќе му остана иста, па ова не е нов договор, едноставно е продолжување на постоечкиот.

Германецот сепак побарал повеќе пари од Ливерпул, но за неговите помошници Пеп Лијндерс и Петер Кравиц, кои добиле вкупно зголемување од два милиони фунти по сезона.

„Кажав дека неколку работи ми ја олеснија одлуката, и мислам дека тоа што Пеп и Петер решија да стават потпис на нови договори е една од нив“ – рече Јирген Клоп откако официјално беше потврдена новата соработка.

Атлетик исто така додава дека во договорот на Јирген Клоп нема откупна клаузула, но има взаемно разбирање помеѓу стратегот и сопствениците, кои нема да му прават проблеми доколку тој поради некоја причина побара порано да го напушти кормилото на клубот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ