Поради повреда, Горан Пандев е изоставен од тимот на Парма кој денеска ќе гостува кај Кротоне во последното коло од Серија Б.
Со оглед на тоа што Пандев најави дека ова е негова последна сезона во кариерата, тоа значи дека македонскиот фудбалер веќе го одигра последниот натпревар.
Мечот од минатото коло против Алесандрија кој заврши 2-2, е последен натпревар за Горан Пандев во клупската кариера.






