понеделник, 29 декември 2025

„Големи експлозии“ се слушнаа во руски регион во близина на Украина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Ме разбудија две силни експлозии“, напиша гувернерот Вјачеслав Гладков на апликацијата за пораки Телеграм без да ја открие локацијата на експлозиите.

Тој рече дека нема повредени ниту материјална штета и за подоцна вети дополнителни детали.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат блесоци на ноќното небо придружени со звуци на силни експлозии.

Експлозиите се слушнале еден ден откако избувна пожар во објект на руското Министерство за одбрана во Белгород и се урна железнички мост во соседната област Курск. Тамошните власти рекоа дека уривањето на мостот, кое исто така не предизвика повредени, е дело на „саботажа“.

Русија ги обвини украинските сили дека вршат прекугранични напади откако претседателот Владимир Путин нареди инвазија на својот прозападен сосед на 24 февруари.

Претседателскиот советник на Украина, Олексеј Арестович, изјави дека Киев се придржува до политиката на „стратегиска нејасност“ на темата напади на руска територија, јави руската служба на Би-би-си.

Неговиот колега Михаило Подољак минатата недела не презеде одговорност за неодамнешната серија напади, но рече дека пожарите за складирање гориво и оружје во Русија се „апсолутно природен процес“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ