среда, 1 април 2026

Голема промена: Руските сили во Украина ги презема генерал со искуство од Сирија

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили кои ја нападнаа Украина на 24 февруари биле организирани одвоено, а командите ги примале од регионите од кои стигнале, навел изворот.

„Поради тоа гледавме многу лоша координација на руските сили“, кажал изворот, додавајќи дека руските сили не се увежбани за функционирање на тој начин. Командата на сите сили во Украина сега ја презема командантот на руската јужна воена област, генералот Александар Дворников.

„Тој командант има многу искуство во руските операции во Сирија. Поради тоа очекуваме командата и контролата да се подобрат“, кажал изворот.

Што се однесува до тајмингот на руските операции во иднина, тој смета дека политичките императиви би можеле да станат поважни од воените приоритети бидејќи Русија се обидува да дојде до точка која пред 9 мај, датумот на победата во Втората светска војна, ќе може да прогласи некаков успех. Западните функционери наведуваат дека забележале поединечно испраќање трупи кон Донбас наместо паузирање што на руската војска би ѝ овозможило прописно да се прегрупира.

„Гледаме тензии меѓу воената логика, која наложува силите прописно да се подготват за нова операција во Донбас, што би им овозможило да користат соодветни тактики и да ги научат лекциите од катастрофалната кампања која ја видовме досега, и политичките приоритети да се продолжи со операцијата и брзо да се постигне целта“, кажа изворот.

Според проценките на западните служби, Русија има нешто помалку од 100 баталјони способни за спроведување операции, но тие допрва треба да бидат оформени по прегрупирањето. Тоа значи дека руските сили се „и понатаму значајни“, кажа функционерот, додавајќи дека руската тактика досега не успеала да напредува во согласност со планот и покрај бројната надмоќ, односно дека бројно послабите украински сили ги спречиле да напредуваат благодарение на попаметната тактика и факторот на изненадување.

„Ако Русија не успее да ја смени својата тактика и да стане многу поефикасна во користењето на алатите кои ѝ се на располагање, тогаш тешко ќе успее во остварување дури и на ограничените цели кои си ги постави и сигурно не во рокот во кој се надеваат дека ќе ги остварат“, заклучи изворот на Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ