Интер се врати на врвот во Серија А откако избраниците на Инзаги вечерва триумфираа на гостувањето кај Специја.
Резултатот го отвори Брозовиќ, Хрватот прекрасно погоди во 31. минута за 0-1. Лаутаро Мартинез зголеми на 0-2 во 73. минута, но натпреварот не беше решен тука.
Маџоре намали на 1-2 во 88. минута и најави интересна завршница, но длабоко во судиското надополнување, Санчез ги потврди трите бода и ги постави конечните 1-3.






