Шолц вели дека нема правилник во кој се наведува кога Германија може да се смета за страна во војната во Украина, пренесува Ројтерс.
„Затоа е уште поважно да го разгледаме секој чекор многу внимателно и тесно да се координираме едни со други“, рече тој. „Да се избегне ескалација кон НАТО е главен приоритет за мене“, додаде тој.
„Затоа не се фокусирам на анкети и не дозволувам да ме иритираат остри повици. Последиците од погрешен потег би биле драматични“, заклучи тој.






