Извршниот директор на Рајнметал Армин Папергер за Ханделсблат изјави дека првите тенкови веќе можат да бидат испорачани во Украина, а останатите треба да следат во рок од три месеци – под услов пратката да биде одобрена од германската влада.
Тенкот Леопард 1, кој Германија првпат го воведе во служба во 1965 година, е претходник на помодерниот Леопард 2, кој моментално го користи германската војска.
Пепергер рече дека украинските војници би можеле да бидат обучени во рок од неколку дена, под услов веќе да поминале основна воена обука.






