Тој кажа дека сегашните резерви сега изгледаат нешто подобро отколку пред три или четири недели и дека би можеле да потраат до почетокот на есента во случај на моментален прекин на снабдувањето.
Шефот на германскиот хемиски гигант БАСФ пред една недела изјави дека на најголемата европска економија ѝ се заканува криза без преседан ако целосно ја прекине трговијата со Русија или забрани увоз на руски гас и нафта. „Тоа би можело да ја доведе германската економија до најлошата криза од крајот на Втората светска војна“, кажа Мартин Брудермилер.






