Се наведува дека Ер Србија го удвоила бројот на директни летови од Москва до Белград на 15 неделно, за да ја задоволи побарувачката која забрзано расте откако Брисел забрани руските авиони да влегуваат во воздушниот простор на ЕУ поради инвазијата на Русија на Украина.
Русија за возврат го затвори својот воздушен простор за авионите од ЕУ и Британија, потсетува Гардијан.
„Србија не е членка на ЕУ и одби да ѝ воведе санкции на Русија, но нејзините авиони можат да летаат во ЕУ, што ја прави единствениот европски воздушен коридор кој е отворен за Русија“, според компанијата Форвардкис, која ги анализира податоците за патувањата, а на која се повикува Гардијан.






