понеделник, 22 декември 2025

Фондот Елиот дал зелено светло, Милан го доби првото засилување за следната сезона

Објавено на

часот

Сподели

Дивок Ориги практично е фудбалер на Милан, ова вечерва го пренесе Спортмедиасет. „Росонерите“ и напаѓачот си подале рака за тригодишна соработка и плата од 3,5 милиони евра по сезона, недостасуваат само потписи на договорот.

Фондот Елиот дал зелено светло да се зголеми понудата за половина милион евра (од 3 милиони на 3,5 милиони), паднал дил помеѓу двете страни па фудбалерот од Белгија како слободен играч беспари ќе се пресели на Сан Сиро.

Спортмедиасет исто така додава дека преговорите за ангажман на Свен Ботман од Лил се во завршна фаза, додека пак преговорите за трансфер на Ренато Санчез се покомлицирани бидејќи Португалецот бара плата од 6 милиони евра по сезона и не сака да направи компромис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ