„Во духот на иновативноста и општествената одговорност на компанијата, вработените во Филип Морис спроведоа акција за украсување на дрворедот на „Максим Горки“, со поставување садници од видот јапонски цреши. Ова е гест за разубавување на улицата, каде од неодамна се лоцирани новите канцеларии на компанијата. Филип Морис постави нови стандарди во земјата, а своите иновативни идеи, компанијата ги имплементира во сите области од општественото живеење“, истакна Иван Костиќ, генерален директор на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“.







