Поради војната во Украина, ФИФА донесе посебно правило за фудбалерите кои играат во украински и руски клубови.
Фудбалерите кои играат во украинското фудбалско првенство можат да потпишат краткорични договори со клубови од други земји и да продолжат да играат таму додека трае војната и првенството во Украина е во прекин.
Иста е одлуката и за руските клубови, но од првенството на Русија не се очекува многу фудбалери да зминат со оглед на тоа што првенството во таа земја не е во прекин, фудбал се игра.
Оваа одлука ќе стапи на сила од 7 април, после тој датум фудбалерите ќе можат да играат за новите клубови со кои ќе потпишат.






